Прекинување на глобалната енергетска сиромаштија со складирање водород H2GO

Во светот има 1,2 милијарди луѓе без струја. H2GO работи на систем за складирање на водород кој ќе им донесе струја.  

·         „Cleantech start-up” H2GO има мисија да обезбеди сигурна струја во огромни подрачја на планетата каде што сè уште нема струја.
·         Користејќи го генијалниот инженерски систем кој автономно складира и ослободува молекули на водород, компанијата реши една од најголемите пречки за усвојувањето на водородот.
·         Основачката и извршна директорка Енас Або-Хамед го претвори својот наградуван докторски истражувачки проект во технологија што ќе донесе промени.

Сигурната и достапна струја е столбот на модерната цивилизација. На луѓето тоа им е потребно; просперитетот го бара тоа; а луѓето го трошат во колосални размери. Но, немаат сите еднаков пристап. Минатата година човештвото проголтало повеќе од 22.000 TWh електрична енергија – двојно повеќе отколку во 1990 година. Сепак, целата Африка потрошила само 3% од вкупното количество, додека Латинска Америка само 6%. Остатокот го потрошиле развиените економии во Азија, Северна Америка и Европа. Таквата електрична нееднаквост ја навела научничката и претприемничка Енас Або-Хамед да ја основа H2GO Power. Компанијата има мисија да ја ублажи глобалната енергетска сиромашија и да обезбеди сигурно снабдување со вати, волти, ампери и оми за милијарда или повеќе жители од светот кои немаат пристап до мрежата.

 

Што работи H2GO

Клучната иновација на компанијата е „паметно конструиран сунѓер“, сигурен и ефикасен систем за складирање водород. Направен е од паметни реактори со посебни внатрешни структури кои можат да складираат водород и по потреба да го испуштаат. Хемиските соединенија можат да го складираат водородот во течна или во цврста форма. Кога молекулот на H2 гасот ќе се воведе во системот за складирање H2GO, паметната рамка на сунѓерот го фаќа со хемиска врска. Кога на надворешниот систем му е потребен водород, со загревање на дефинирана температура почнува да се ослободува потребното количество.   Работата на системот за складирање водород на Або-Хамед почнала како истражувачки проект за докторската теза на Универзитетот Кембриџ. Пет години подоцна, тој еурека-момент произвел постојан тек на иновативни производи, од водороден „реактор“, кој може да генерира електрична енергија, до комунални „plug-and-play“ генератори кои можат да се транспортираат до оддалечени локации.  H2GO исто така развила систем на вештачка интелигенција (AI), кој ја оптимизира употребата на електричната енергија од своите водородни единици. Еден од начините за намалување на трошоците е подобрувањето на перформансите на хардверот; друг начин е оптимизација на структурата на трошоците за користењето на софтверот, а намалувањето на трошоците е навистина важно кога е во прашање замена на производи на пазарот.  Зошто водород? „Тоа е многу елегантен молекул“, вели Або-Хамед. „Нема јаглерод за почеток, така што кога ќе го согорите или кога електрохемиски ќе го претворите за да ја извлечете неговата енергија, добивате сила без штетни нус-производи. Ако е доволно поддржано и брзо зголемено, производството на база на водород има потенцијал да ги декарбонизира нашите енергетски системи за на време да ги достигнат целите за нулта вредност и да создадат одржлива планета“.  

 

Предностите на складирање водород со H2GO

Убавината на водородот како извор на енергија е во тоа што тој содржи големи количества на енергија во својата посебна структура. Ова помага да се ублажат ограничувањата на складирањето на батериите, кои се промовираат како одржлив начин за напојување во текот на долгите патувања и надминувањето на прекинот на производството на енергија за напојување – особено затоа што електричниот автомобил и енергијата од ветрот и од сонцето го прошируваат своето влијание.  За напојување на големи или софистицирани машини, на батериите им се потребни литиум и други материјали кои можат да се добијат само со рударство. Побарувачката на батерии е глобална, но најбогатите извори на литиум се земјите како Австралија, Боливија и Чиле. Тоа значи дека транспортирате многу суровини кои интензивно користат јаглерод во светските производствени центри.  Временските ограничувања, исто така, ја ограничуваат соодветноста на батериите како одржлив извор на енергија. Тие (сè уште) не можат да генерираат или да складираат енергија во текот на подолг период. Додека универзалните батерии можат да се почнат четири до шест часа, навистина „чистата“ енергетска мрежа веројатно би барала складирање на стотина часови.  Тие ограничувања се појавуваат и кај батериите кои се употребуваат за летање. Да ги земеме за пример дроновите. Нивната употреба во комерцијални и граѓански апликации расте, но имаат ограничено траење на батеријата што го ограничува времето на летање.  Потпирањето на батериско напојување ја ограничува нивната ефикасност во одговорот на природни катастрофи или испраќање итна медицинска помош во оддалечени подрачја. Затоа H2GO ги избрала дроновите за една од своите први апликации.   

 

Складирањето на H2GO водород дава сила за летање

Водородот природно ја складира енергијата. Предизвиците настануваат со обидите да се ослободи и да се искористи енергијата. Водородот е многу запаллив, а компресијата што е потребна да ја содржи волуменот доволен за производство на енергија може да биде опасна. Секој што ги има видено снимките од катастрофата на воздушниот брод Хинденбург од 1937 година има претстава за ризиците.  Но, технологијата на H2GO може да се складира да напојува мали летечки машини сигурно и безбедно, дури и во тек на подолги периоди.  Иновативниот реактор на водород со 3Д печат е приспособен за апликација на беспилотни летала со помош на Autodesk алатки за проектирање на Fusion 360, CFD и 3ds Max. Модулот на реакторот е неопходно да складира големо количество на енергија во мала форма, да биде доволно робустен за да испорача моќност и да биде доволно лесен за да го направи летот. Различните материјали, структури и форми морале да бидат тестирани во согласност со строгите толеранции за сигурност и за перформанси.   „3ds Max беше многу погоден за изнаоѓање сложени дизајни кои можат да ги задоволат барањата на опкружувања со високи перформанси“, вели Або-Хамед. „Fusion 360 ни помогна да ги усовршиме и да ги доработиме за производство“.  Таа додава дека CFD бил од витално значење во пронаоѓањето оптимална флуидност на материјалите во реакторот, како и во корекцијата на стапката на пренос на топлината за екстракција на водородот и напојувањето на летот додека дронот е во функција. „Овие алатки ни помогнаа да ја оживееме замислата за нашиот производ“, вели таа.

 

Направете влијание

Одржливите иновации на Або-Хамед се сè поголеми. MIT Technology Review ја прогласи за иноватор кој ја „менува иднината“. Светскиот економски форум во 2018 година ја прогласи за извонреден млад научник и ја покани на годишниот состанок на советот за глобална иднина  Додека светот бара декарбонизација на индустријата, конвенционалните методи за производство на енергија, нејзино складирање, користење и транспорт ќе мора да се заменат. H2GO има цел да ја игра централната улога во оваа транзиција.  „Синџирот на вредноста на водородот се разликува од традиционалните горива кои се користат за производство на енергија“, вели Або-Хамед. „Ако сакаме да ја намалиме емисијата на јаглерод и да тргнеме во правец кон нула, навистина мораме сериозно да го сфатиме решението со водородот“.

 

Изворната статија е преземена од: Ending Global Energy Poverty With H2GO Hydrogen Storage (autodesk.com)