Профил на компанијата

Smart Solutions е ИТ компанија основана и лоцирана во Скопје, Македонија. Нудиме широк спектар на ИТ производи и услуги. Нашата цел е континуирано да го следиме појавувањето на новите технологии во областа на хардверот и софтверот и секогаш да ги обезбедуваме најдобрите и најсоодветните решенија за нашите клиенти. Дизајнираме и имплементираме комплетни ИТ решенија. Нашиот тим се состои од докажани ИТ специјалисти (ИТ инженери), обучени и искусни за имплементација и поддршка на најсложените ИТ системи.

Smart Solutions е основана во 2000 година со цел на клиентите во Македонија да им ги обезбеди најновите производи од информатичката технологија и да понуди премиум услуги. Денес Smart Solutions е водечки провајдер на комплетни ИТ решенија. Нашата формула за успех е едноставна – да ги разбереме вашите технички цели, прецизно да ги процениме вашите технолошки потреби и да имплементираме решенија што ги исполнуваат или надминуваат вашите очекувања. Smart Solutions ги разви сите свои производи и услуги околу истата формула за приспособување на решенија за постигнување цели кои ги надминуваат очекувањата на нашите клиенти. Ве покануваме да станете дел од нашата традиција на која сме особено горди.

Smart Solutions обезбедува комплетни ИТ решенија приспособени да ги задоволат најсофистицираните барања на пазарот: консултантски услуги, системска интеграција, развој на апликативен софтвер, одржување и поддршка на најсложена ИТ инфраструктура, мрежен дизајн и имплементација. Воспоставивме партнерства на високо ниво со многу водечки провајдери на технологија во ИТ индустријата, вклучувајќи ги: Microsoft, Autodesk, Adobe, Veritas, Symantec/ Broadcom, Dell, Hewlett Packard Enterprise, Hewlett Packard, Cisco Systems, , IBM/Lenovo, McAfee, Graphisoft, Corel, Veeam и многу други.

Нашата визија

Нашата визија е да им обезбедиме на нашите клиенти иновативни ИТ решенија и услуги, претворајќи ги нивните ИТ предизвици во деловни предности. Фокусирани сме на целосното, тековно задоволство на нашите клиенти, обезбедувајќи сеопфатен опсег на услуги на национално ниво, користејќи ги најновите и најефективните технологии кои што се достапни и стануваме комплетен добавувач за сите ИТ потреби на нашите клиенти.

Како работиме?

За да бидете конкурентни на денешниот пазар, потребен ви е брз, безбеден пристап до критичните деловни информации, без разлика каде ве води вашиот бизнис. Но, зад оваа едноставна потреба се крие свет на комплексност. Секоја организација е различна, со различен опсег на потреби и уникатен сет на ИТ предизвици. Вртоглавиот напредок на технологијата дополнително ги комплицира работите.

Накратко, ние ви овозможуваме да ги искористите најдобрите, најнапредните достапни технологии, безбедно, ефективно и поволно. Она што некогаш беше ИТ предизвик, сега ќе стане деловна предност.