Состојбата со „Дизајн и изработка“ (Design and Make)

Што претставува „Дизајн и изработка“ (Design and Make)?

Конвергенцијата на технологии и методологии во индустриите кои произведуваат дигитални и физички средства во изминативе повеќе од 40 години резултираше во посебна работна категорија: „Дизајн и изработка“. „Дизајн и изработка“ го обликува светот што не опкружува, преведувајќи ги комплексните идеи во моќни искуства, независно дали се работи за трансформација на цртеж во училиште, претворање на концепт во автомобил, или преточување на мит во филм. Во глобални рамки, „Дизајн и изработка“ вработува 295,7 милиони луѓе.

Пред дигитализацијата, повеќето од работата се извршуваше во одвоени, изолирани фази, префрлувани од еден на друг специјалист. Со напредокот на дигиталните работни простори и алатки за моделирање, овие фази конвергираа во централизиран начин на работа информиран од увиди водени од податоци. Денес, тимовите кои што соработуваат на „Дизајн и изработка“ проекти ја гледаат својата работа како дел од поголем, меѓусебно поврзан процес. Дигиталните алатки и стандарди го олеснуваат мапирањето на меѓузависностите, подобрување на процесите и демократизирање на решенијата.

За професионалците заронети секој ден во него, „Дизајн и изработка“ е повеќе од начин на работа- за нив тоа е филозофија и начин на размислување. Претставува длабоко верување дека секој предизвик и комплексност може да биде надминат со вистински алатки и вештини. Дизајнерите и креаторите се оптимисти обединети со заедничкиот порив да го направат светот подобар за сите.

Ве молиме, внесете ги вашите податоци за преземање на документот.

Please enable JavaScript in your browser to complete this form.
Име