Програма за превентивно одржување

Согласно нашето искуство, компаниите кои добиваат редовно, планирано, превентивно одржување имаат значително помалку проблеми со компјутерската опрема, а со тоа и помалку застој и губење на податоци, помалку фрустрации и помали вкупни трошоци. Дополнително, бидејќи активностите се закажани однапред, нема да има проблем со достапноста на ИТ специјалистот задолжен за вас.

Сите компјутерски системи бараат периодично одржување, вклучително чистење, оптимизирање на перформансите, проверка и одржување на резервни копии и ажурирање на антивирусни податоци. Компјутерските системи оставени без надзор може да доведат до големи проблеми кои можеле да се спречат многу поевтино. Ве молиме разгледајте го нашиот план за одржување за повеќе информации за тоа кои активности треба да се прават во редовни интервали. Без разлика дали го извршувате одржувањето интерно или ќе се одлучите за еден од нашите планови за одржување, сметаме дека тоа е од клучно значење за успешно функционирање на вашиот компјутерски систем.

Нашите ИТ професионалци се подготвени да бидат вашиот внатрешен оддел за мрежна поддршка! Позиционирани да опслужуваме од мали до големи организации, Smart Solutions обезбедува услуга за одржување и поддршка на мрежи и компјутерски системи. Ветуваме дека ќе го одржиме вашето работење продуктивно, рентабилно и конкурентно користејќи ја информатичката технологија.

 

 

 

Ние нудиме приспособени решенија за аутсорсинг за да одговараат на секој буџет и нашиот тим од инженери е подготвен да обезбеди најквалитетна услуга за клиентите.

Нудиме сеопфатен пакет составен од една или повеќе од нашите услуги за одржување и поддршка на компјутерски системи:

  • Одржување на серверите/управување со серверите
  • Одржување на десктоп и лаптоп компјутери
  • Надградби на софтвер и хардвер
  • Деловна анализа и управување со проекти  
  • Развој на апликации, клиент-сервер модел
  • Администрација на бази на податоци
  • Услуги за решавање проблеми на лице место
  • Услуги за далечинско решавање проблеми 
  • Програми за превентивно одржување
  • Услуги за заштита од вируси
  • Стратегии за бекап и враќање на податоци
  • Интернет поврзување
  • Интернет безбедност
  • Мрежна дијагностика
  • Мрежно каблирање

Извршувањето на едноставно одржување сега, може да ви заштеди пари подоцна. Smart Solutions може да ви овозможи редовни планирани активности за да ги одржува вашите системи да работат во беспрекорна  состојба.

За да добиете најмногу вредност од вашата мрежа, потребна е ефективна администрација. Ова е сложена задача која бара обука, знаење и искуство. Ефикасната мрежна администрација, ги подобрува перформансите на мрежата, заштитува од компромитирање на доверливи информации, загуба на податоци, време на работа и незадоволни корисници што во превод значи подобар поврат на вложените пари.

Smart Solutions може да понуди решение и брза услуга за управување со серверите. Зошто да ги изберете Smart Solutions за потребите за управување со серверите?

  • Нашите ИТ инженери преземаат целосна одговорност за сите аспекти на средината или го надополнуваат вашиот персонал за да создадат исклучително ефективен модел за поддршка.
  • Нашите релации со производителите ни даваат приоритетен пристап до Microsoft, DELL, HPE, Symantec, Veritas, Adobe и други стратешки партнери.
  • Инженерите на Smart Solutions постојано поминуваат обуки кои обезбедуваат највисоко ниво на перформанси.

Решението за управување со серверите, Smart Solutions опфаќа:

  • Инсталација, конфигурација и одржување на оперативните системи
  • Имплементација на Active Directory и на сите клучни сервиси (DNS, DHCP)
  • Имплементација и поддршка на MS Exchange
  • Административни промени и надградби
  • Надградби на верзии

Кои се придобивките?

Најважната придобивка е тоа што вашата компјутерска и мрежна опрема ќе бидат постабилни, а помала е веројатноста да имате фрустрации и дополнителни трошоци за време на работата, и изгубени податоци. Покрај тоа, ќе заштедите пари. Ќе плаќате помалку на час и ќе ви требаат помалку „итни интервенции“ во текот на годината. Дополнително, бидејќи вашите активности за превентивно одржување ќе бидат однапред закажани, ќе имате време да се подготвите за посетата и може да бидете сигурни дека ќе закажете состанок кога сакате, наместо кога можеби ќе ви треба.