Кои се придобивките на интегрираниот CAD/CAM софтвер?

Дознајте како Autodesk Fusion 360, интегриран CAD/CAM софтвер базиран на облак, може да го трансформира вашиот процес на дизајнирање.

Компјутерски потпомогнатиот дизајн (CAD) и компјутерски потпомогнатото производство (CAM) ги нуди веројатно најдобрите опции за индустриските инженери, а интегрираниот CAD/CAM софтвер базиран на облак обезбедува неколку подобрувања во однос на посебните CAD и CAM пакети.

На пример, индустрискиoт дизајнер може да има проблеми со преземањето, префрлувањето и потоа повторното отворање на CAD-датотеката во CAM околина. Можеби два различни софтверски пакети не работат добро заедно, или можеби датотеката е толку голема што е потребно долго време да се префрли?

Ова не е случај со интегриранатa платформа Autodesk Fusion 360. Нема недостиг од софтверски придобивки со тоа што сите алатки ги добивате на едно место. Во оваа статија, ќе истражиме само неколку причини зошто интегрираниот CAD/CAM е вистинскиот начин за работа!

 

Што е интегриран CAD/CAM софтвер?

CAD софтверот е дигитален простор за креирање 2D концепти, 3D концепти и рендери. CAD е исто така местото каде што индустриските дизајнери и инженери креираат документација, симулираат реални функционалности и пренесуваат податоци на CAM.

CAM софтверот е алатка која се користи за автоматизирање на производниот процес. Автоматизираните производствени процеси вклучуваат 3D печатење и CNC обработка. CAM генерира патеки за алатки од CAD дизајнот, кои потоа се користат од 3D печатачи или CNC машини.

Интегрираниот CAD/CAM ги комбинира двете алатки во една софтверска околина.

 

Предности на користење на интегриран CAD и CAM

Интегрираниот CAD и CAM софтвер обезбедува голем број на предности во однос на традиционалните, посебни пакети. Овие придобивки го вклучуваат следново:

  • Побрз пренос на датотеки и побрза работа
  • Намалени оперативни трошоци
  • Поедноставени работни текови
  • Пократки криви на учење
  • Далечинска пристапност


Побрз пренос на датотеки и севкупни перформанси

Со интегрираниот CAD во облак, индустриските дизајнери можат да го намалат времето поминато за преземање, пренесување и испраќање големи датотеки со податоци. Кога CAD и CAM се интегрирани, преносот на датотеки трае само неколку секунди. Можете да преминете од 3D дизајн до збир на патеки за алатки и насочени работни текови без да треба да отворате друг софтвер.

 

Намалени оперативни трошоци

Autodesk Fusion 360 е се-во-едно CAD/CAM софтвер кој може да се прилагоди на вашите потреби. Исто така, екстензиите Fusion 360 ви даваат дополнителни напредни можности. Без разлика дали сте голема компанија или сопственик на мал бизнис, можете да преземете бесплатна пробна верзија и да ја испробате пред да ја купите.

 

Поедноставени работни текови

Линеарните, еднонасочни работни текови се архаични и неповолни на денешното работно место каде што се бара соработка. Интегрираниот CAD/CAM софтвер базиран на облак ги подобрува двонасочните работни текови. Индустриските дизајнери и инженери можат да работат на истиот проект, да прават ревизии, да уредуваат параметри и да објавуваат промени во реално време. Инженерите можат лесно да соработуваат и не мора да се грижат за зачувувањето на датотеките и можните грешки што може да се појават при другитe начини на работа.

 

Пристап на далечина

Работењето на дигитален проект во реално време од удобноста на вашиот дом стана широко распространета опција во индустријата во последните две години. Со користење на Fusion 360, инженерите можат да пристапат до нивните CAD или CAM проекти од нивниот телефон, лаптоп или домашен компјутер – кога сакаат.

 

Пократки криви на учење

Fusion 360 има огромна библиотека со упатства и други модули за учење за инженери со било кое ниво на искуство. Можете да користите екстензии на Fusion 360 и разни додатоци за да ја приспособите функционалноста за било кој проект. Поминете од 3D дизајн на интуитивни патеки за алатки со леснотија.

Кога станува збор за Fusion 360, CAD и CAM коегзистираат. Датотеките постојат во облакот и затоа повеќе не бараат долги трансфери и не постојат проблеми со компатибилноста. Co Autodesk Fusion 360, дизајнирањето и производството е полесно од кога било.

Ако сте подготвени да искусите беспрекорно, интегрирано CAD/CAM решение, преземете го Fusion 360 уште денес:

 

Симнете го Fusion 360 бесплатнo | Бесплатен период | Аutodesk

 

Оригиналниот напис e преземен од: What Are the Benefits of Integrated CAD/CAM Software? – Fusion 360 Blog (autodesk.com)