Smart Solutions нуди софтверски решенија за институции кои обезбедуваат образовни услуги на редовна основа како што се универзитетите, основните и средните училишта како и други високообразовни инстутуции. Образовните институции, наставниците и учениците можат да имаат корист од образовните програми за лиценцирање што нашите софтверски партнери ги нудат за нив, а Smart Solutions може да помогне во изборот на програмата што е најпогодна за нив.
Подолу можете да најдете краток опис на програмите за лиценцирање на нашите партнери што Smart Solutions ги обезбедува за академските институции:
Microsoft
Microsoft нуди академска volume licensing програма за студенти, наставници и академски организации. Програмата е достапна со различни попусти и опции за лиценцирање. На следниот линк може да ги проверите условите и придобивките што Microsoft ги обезбедува за академските институции: http://www.microsoft.com/education/ww/buy/Pages/volume-licensing.aspx
Adobe
Adobe, со своите volume licensing програми (AVL) нуди опции за трајни лиценци и лиценци базирани на претплата за да ги задоволи потребите на персоналот и учениците во основните и средните училишта и високообразовните институции. Овие програми за лиценцирање можат да им помогнат на клиентите да заштедат пари на Adobe софтверот и да ја задржат контролата врз нивните Adobe volume licensing лиценци. Образовното лиценцирање на Adobe е достапно според следните AVL програми: Value Incentive Plan (VIP), Enterprise Term License Agreement (ETLA) Education Enterprise Agreement (EEA), Transactional Licensing Program (TLP) и Cumulative Licensing Program (CLP).
Symantec
Програмата за образовни лиценци на Symantec овозможува лесен начин за купување на софтверски производи на Symantec од страна на академски институции и добротворни организации. Нема потпишување на договори и финансиски обврски a условите за учество во оваа програма се минимални. Академската институција мора да биде организирана и да работи за образовни цели, како што е јавно или приватно училиште или универзитет, и да биде акредитирана од соодветен владин одбор за образование или организација за акредитација. Лиценците мора да се користат во земјата на купување.
Autodesk
Достапни се Autodesk образовни лиценци со цел да им се помогне на студентите да изградат корисни вештини за работното место и да ce подготват за успешни кариери во архитектурата, инженерството и дигиталните уметности. Образовните институции, студентите и факултетитe можат да добијат пристапни цени за различни опции за лиценцирање. Едукативните лиценци не можат да се користат за комерцијални, професионални или профитни цели.
Corel
Corel има низа опции за лиценцирање во образованието дизајнирани да ги задоволат потребите и буџетите на сите академски институции, од локални основни училишта до најголемите универзитети. Aкадемските лиценци на Corel нудaт неверојатна вредност за училиштата и универзитетите преку нивното лесно администрирање. Обезбедуваaт неограничен пристап до пет од водечките графички, мултимедијални и канцелариски производи на Corel и нема потреба од годишно известување. Со Академска трансакциска лиценца, академската институција која бара само еден или повеќе специфични производи за одреден број компјутери може да купи лиценци по основа на седиште.
Graphisoft
Архитектонските училишта и академските институции имаат право да ги опремат своите компјутерски лаборатории со бесплатната академска верзија на ArchiCAD. Опцијата за мрежна инсталација обезбедува брзо и лесно инсталирање на ArchiCAD софтверот на повеќе компјутери. Наставниците од архитектонските училишта и академските институции и студентите по архитектура и дизајн исто така имаат право да добијат целосно функционална образовна верзија на ArchiCAD. Регистрирајте се на MyArchiCAD.com за да ги добиете вашите бесплатни софтверски преземања, интерактивни материјали за обука и целосно функционална лиценца: https://www.myarchicad.com/Registration_Auth.aspx?ProjectId=7