Autodesk Product Design & Manufacturing Collection
Product Design & Manufacturing колекцијата вклучува моќен сет на проширени можности на Inventor и AutoCAD наменети за инженери кои дизајнираат комплексни и по нарачка производи, опрема, и системи. Во Product Design & Manufacturing колекцијата спаѓаат следните производи: Inventor, AutoCAD, Fusion, Navisworks Manage, 3ds Max, Vault Basic, ReCap Pro, Factory Design Utilities, Inventor CAM, Inventor Nastran, Inventor Tolerance Analysis, Autodesk Drive, и Autodesk Rendering. Производите во Product Design & Manufacturing колекцијата се интегрирани и поврзани да го подржат целокупниот развоен циклус на производот. Производите наменети за дизајнирање и инженерство, каде што се прошируваат можностите на Inventor, се интегрирани со цел да не го напуштате познатиот интерфејс за течението на работните текови.
Решете интересни проблеми ефикасно со врвниот сет на инженерски апликации. Истражете го моќниот сет на апликации, со проширените можности на Inventor и AutoCAD, направени за инженери кои дизајнираат комплексни производи, опрема и системи. Истражете го комплетот алатки кој ви помага да решете повеќе интересни проблеми. Колекцијата вклучува врвен дизајнирачки софтвер со дополнителни алатки за анализа и симулација, визуелизација, реално доловување, детализација и автоматизација.
За повеќе информации за PDM колекцијата, отворете го следниот документ
Autodesk Fusion
Autodesk Fusion го поврзува вашиот целокупен производствен процес така што ги интегрира CAD, CAM, CAE, и PCB во едно единствено решение кое ви овозможува да дизајнирате и да правите било што. Autodesk Fusion е целокупно решение за дизајнирање и производство наменето за вашиот бизнис, овозможувајќи им на инженерите, дизајнерите и машинците да го модернизираат нивниот развој на производот со скроени работни текови и можности.
За повеќе информации за Fusion, отворете го следниот документ
Autodesk Vault
Autodesk Vault им помага на инженерите, дизајнерите и проширените тимови, да ја подобрат соработката и да го забрзаат развојот на производот. Vault ги менаџира дизајн податоците и инженерските процеси во еден централен систем, така што и помага на вашата организација да заштеди време, да спречи скапи грешки, и ефикасно да ревидира и објавува дизајни.
Vault софтверот за менаџирање на податоците за производот, им помага на дизајнерите и инженерите да ги организираат податоците за дизајнот, да пратат ревизии и други развојни процеси.
За повеќе информации за Vault, отворете го следниот документ